Дивоградбите во Македонија ќе се легализираат по брза постапка

Bez autora
Jan 24 2011

Поедноставува и поевтинува постапката за легализација на околу 300.000 дивоизградени објекти во земјава. Измените се дел од Предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто од денеска е во собраниска процедура. Со овие измени граѓаните легализацијата на дивоградбите ќе ја реализираат само со извод за државјанство, имотен лист и елаборат за фактичката состојба на земјиштето, етажен премер неопходен за упис во Катастар, како и доказ дека за тој објект сопственикот плаќа струја и вода, односно доказ дека е приклучен на инфраструктурата. За измените информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, којашто викендов се одржа во Маврово. Јанакиески објасни дека надоместокот што треба да го плаќаат граѓаните за легализација на индивидуални куќи од едно евро по метар квадратен треба да го реализираат во рок од 6 месеци по стапувањето на законот.

Дивоградбите во Македонија ќе се легализираат по брза постапкаПоедноставува и поевтинува постапката за легализација на околу 300.000 дивоизградени објекти во земјава.

Измените се дел од Предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто од денеска е во собраниска процедура. Со овие измени граѓаните легализацијата на дивоградбите ќе ја реализираат само со извод за државјанство, имотен лист и елаборат за фактичката состојба на земјиштето, етажен премер неопходен за упис во Катастар, како и доказ дека за тој објект сопственикот плаќа струја и вода, односно доказ дека е приклучен на инфраструктурата. За измените информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, којашто викендов се одржа во Маврово.

Јанакиески објасни дека надоместокот што треба да го плаќаат граѓаните за легализација на индивидуални куќи од едно евро по метар квадратен треба да го реализираат во рок од 6 месеци по стапувањето на законот. Доколку во овој период тие ги немаат потребните документи тогаш се овозможува да се направи прекин на постапката, со цел да се обезбедат, за потоа роковите да важат во оној момент кога граѓанинот ќе ги достави документите.

- Во координација со пратениците одлучивме од законот да биде избришано барањето да се доставува проект за изведена состојба, бидејќи тоа многу ќе ги чини граѓаните-вели министерот за транспорт.

Бесправно изградените згради нема да бидат легализирани, а државата нема да плаќа за легализација на државните објекти кои се дивоградби, бидејќи во тој случај ќе треба да си плати самата на себе.

- Индустриските објекти ќе се легализираат согласно Правилникот за надомест за уредување на градежно земјиште, а зградите нема да бидат опфатени со Предлог-законот, бидејќи со нивната изградба некои луѓе направиле огромни профити-изјави Јанакиески.

Министерот за предлогот на СДСМ дивоизградените куќи до 80 метри квадратни да се легализираат бесплатно, а за останатите тоа да се направи по вообичаени цени, вели дека од анализата на терен дошле до заклучок дека ова решение не ќе може да се спроведе, бидејќи најголем дел од дивоизградените куќи се над 80 метри квадратни.

За тврдењето на градоначалниците дека Предлогот е дискриминаторски и оти може да падне на Уставен суд, бидејќи дел од граѓаните легално плаќале комуналии, Јанакиески укажа дека се работи за сосема различен надомест и за две категории кои се неспоредливи.

- Од една страна има надомест за уредување градежно земјиште кој е повисок и доколку општината го прими е обврзана да ја изгради инфраструктурата, а од друга страна има надомест за легализација на бесправно изграден објект кој се плаќа исклучиво за објектот да биде впишан и да добие имотен лист, појасни Јанакиески.

За градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски легализацијата на дивоградбите ќе овозможи плански развој на општините.

- Она што со децении беше проблем за општините, за државата и за граѓаните кои живеат во нелегални градби ќе се реши, рече Трајнаовски. Тој информираше дека општините имале повеќе забелешки на Предлог-законот меѓу кои и да се легализираат зградите, да се продолжат роковите за доставување документи, средствата да се уплаќаат на посебна наменска сметка и потоа да бидат наменети за донесување нови детални урбанистички планови, но и за инфраструктурни активности.

Дел од градоначалниците повторно го актуелизираа проблемот со ниската цена од едно евро за метар квадратен, бидејќи средствата што ќе се соберат нема да бидат доволни за инфраструктурата.

Јанакиески објасни дека оваа цена се плаќа само за да се добие легален статус на градбата, а за инфраструктура на општините Владата ќе им помага со кредити вредни 140 милиони евра. Тој исто така кажа дека со ЗЕЛС се согласиле заедно со проект на УСАИД од јуни 2012 година одобренијата за градење да се реализираат по електронски пат.

Со законот за градење - стоп за идните дивоградби

За Предолг-законот за градење министерот Јанакиески рече дека е задоволен од нацрт-текстот, бидејќи за 4 пати се намалува процедурата за градење и во иднина нема да има дивоградби.

- Со новиот закон за градење се предвидува за куќи, згради и трговски центри постапката за градење од 21 чекор да се сведе на 4 до 5 чекори. Првиот чекор е извод од план, потоа да се достави проект до општината, да се платат комуналиите и на крајот да се впише во Катастар. Се предвидува секаде каде што ќе молчи администрацијата, градоначалникот или Министерството за транспорт и врски да може да интервенира, укажува Јанакиески.

Со овој закон драстично се скратуваат роковите, времето и чинењето на целокупната постапка за градење. Законот веќе е на јавна расправа и испратен е до повеќе од 100 градежни компании, до стопанските комори и до ЗЕЛС. Законот е веќе поставен на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски и до крајот на овој месец ќе биде разгледан на седница на Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik